Украден накит и пари од куќа во Битола

Битолчанец пријавил дека вчера во периодот меѓу 21 часот до 00.50 часот по полноќ, во неговата куќа е извршена тешка кражба.

МВР соопшти дека од куќата на битолчанецот украден е златен накит, 123.200 денари во разни апоени, 4.000 австралиски долари во разни апоени, 3.000 шведски круни во разни апоени.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.