Украден пиштол од куќа во Битола

На 29.11.2014 година во СВР Битола, И.И.(69) од Битола пријавила дека истиот ден во времето од 18.00 часот до 22.30 часот во семејната куќа непознат сторител го скршил стаклото од прозорецот од терасата, влегол внатре, извршил пребарување низ сите соби и одзел 250 евра, 800 швајцарски франци и пиштол со пет куршуми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.