Украден пиштол од сефот на Универзитетската библиотека

Во Полициската станица – Центар вчера во 15 часот било пријавено дека во точно неутврден временски период од три години, непознат сторител извршил тешка кражба во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, при што при згодна прилика од сефот на библиотеката, кој бил оставен отклучен одзел еден пиштол „Црвена Застава“.
Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.