Украден златен накит и пари од стан во Скопје

Златен накит, накит „Сваровски“ и околу 600 евра се украдени вчера од стан во Скопје, на улицата „Теодосиј Гологанов“, сопственост на Љ.Б.(61).

Како што соопшти МВР, кражбата ја сторило засега непознато лице кое со употреба на подесен алат насилно влегло во станот, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 150.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.