Украдени 16 лаптопи од училиште во Крушево

Полициската станица во Крушево поднесе кривична пријава против Е.А.(24) од с. Алданци, крушевско, поради постоење осниви на сомнение дека истиот сторил кривично дело „тешка кражба”.

Имено, како што е наведено во полицискиот билтен, пријавениот на 15/16.10.2014 година со употреба на погоден алат ја отворил влезната врата од училишната зграда во село Алданци.

Од посебниот рафт, кој е наменет за полнење на компјутери, сместен во една од училниците, одзел 16 половни мали персонални компјутери (лаптопи).