Украдени 165 килограми ореви во Неготино

Украдени 165 килограми ореви во Неготино
Украдени 165 килограми ореви во Неготино

Крадци украле 165 килограми ореви од тераси од куќи во Неготино, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

-На 12 октомври 2015 година во полициската станица Неготино пријавени се три случаи кражби на ореви од тераси од куќи лоцирани на улица „Душко Делов“ во Неготино. Во првиот случај, оштетениот граѓанин пријавил дека му се одземени осум вреќи во кои имало околу 80 килограми ореви, во вториот случај оштетениот пријавил дека од терасата од куќата му се одземени три вреќи во кои имало околу 30 килограми ореви и третиот оштетен граѓанин пријавил дека му се одземени осум вреќи во кои имало околу 55 килограми ореви, соопшти Стојковска.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.