Украдени 500 пара патики

Во текот на вчерашниот ден, на улица Никола Мартиновски во магацинските простории во сопственост на М.И. (38) од Скопје, украдени се 500 пара патики.

Вредноста на украдената роба се проценува на 360 илјади денари.

Министерството за внатрешни работи презема активности за пронаоѓање на сторителот.