Украдени два милиони лозинки на „Фејсбук“, „Јаху“, „Твитер“…

Украдените лозинки може да се искористат за пристап до доверливи лични информации од различни странции, кои потоа можат да се продадат.

„’Фејсбук’ мошне сериозно ја сфаќа доверливоста на информациите за своите корисници. Детали за овој случај се’ уште нема, но изгледа дека хакерите со помош на вирус собирале информации директно од веб пребарувачите“, рекол портпаролот на компанијата „Фејсбук“.

Тој додал дека сите компромитирани шифри се рестартирани и дека корисниците може да обезбедат поголема сигурност на своите профили.

Украдените шифри најмногу биле „слаби“, според компјутерските експерти. Меѓу нив се популарните „123456“, а потоа следат „123456789“, „1234“ и „password“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.