Украдени компјутери од Универзитетот „Св.Апостол Павле“

За време на велигденските во административните простории на Државниот Универзитет за информатички науки „Св.Апостол Павле“-Охрид, била извршена тешка кражба.

Како што соопштуваат од МВР, крадецот со употреба на погоден предмет насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување по внатрешноста на просториите одзел три преносни лап-топ компјутери „Асус“ и телевизор, а потоа го напштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.