Украдени лаптоп компјутери од основното училиште „Круме Кепески“

Дваесет и седум лаптоп компјутери „контреид“ и ДВД плеер „ЛГ“ се украдени од основното училиште „Круме Кепески“ на улицата Христо Татарчев во Скопје во периодот од 22 до 25 август, соопшти полицијата.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.