Украдени лозинки од 16 милиони германски и-меилови

Лозинки и други детали со налози се украдени од 16 милиони корисници во Германија, соопшти германската Федерална канцеларија за безбедност, пренесува британски Би-Би-Си.

Како што наведува таа канцеларија, престапниците ги инфицирале компјутерите со програма која им овозможила да ги собере имеил адресите и лозинките.

Ова германско безбедносно тело, не изјави ништо за остварениот напредок во однос на откривањето и фаќањето на хакерите.

Канцеларијата отвори веб-сајт на кој луѓето можат да проверат дали биле жртви на кражба на имеил податоци.