Украдени монитори од скопско училиште

Украдени монитори од скопско училиште
Украдени монитори од скопско училиште

Непознат сторител извршил тешка кражба во основното училиште „Емин Дураку“ во скопското село Раовиќ и од наставничката просторија одзел шест компјутерски монитори.

Кражбата се случила во периодот меѓу 4-ти и 9-ти септември 2015, информираат од МВР.

Сторителот употребил физичка сила и преку прозорец влегол во просторијата. Откако ги одзел мониторите го напуштил местото. Стекнал противправна имотна корист од околу 36.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.