Кражба на мермерни плочи од гробиштата во Ѓорче Петров

Непознат сторител извршил сквернавење на пет гробни места на гробиштата во Ѓорче Петров, соопшти денеска МВР.

Украдени се пет надгробни мермерни плочи, а биле оштетени и неколку други надгробни споменици. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Ѓорче Петров.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.