Од куќа во Скопје украдени пари и злато во вредност од 40.000 евра

Од куќа во Скопје се украдени пари и злато во вредност од 40.000 евра. Како што информираат од МВР, кражбата се случила во текот на ноќта помеѓу четвртокот и петокот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје.

Од куќа во Скопје украдени пари и злато во вредност од 40.000 евра
Од куќа во Скопје украдени пари и злато во вредност од 40.000 евра

 

Непознат сторител со употреба на физичка сила го отворил прозорот од куќата сопственост на Ш.С.(54) по што влегол внатре и извршил тешка кражба одземајќи 22.000 евра и златен накит по што го напуштил местото на настанот.

Крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.