Украдени пиштол и накит од куќа во Демир Хисар

Вчера во Демир Хисар на ул.„Охридска“, во куќата на Ж.Ј., непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што преку отворен прозор влегол во куќата, извршил пребарување по собите и одзел пиштол „ЦЗ“ кал.7,75мм разновиден златен накит, а потоа го напуштил местото на настанот.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.