Украдени предмети пронајдени кај тетовчани од Желино

Предмети за кои постои сомневање дека се украдени вчера се пронајдени во домовите на педесет и петгодишниот М.Б. и дваесет и петгодишниот Ј.Б. од тетовско Желино

При претресот во неговиот дом и помошните простории пронајдени и одземени се повеќе предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби во трговски и други објекти во Тетово: рачен циркулар, делови од хилт, бургии, електричен кабел, фотоапарат, лаптоп, рачни часовници, паричник, флекс, бормашина, телевизор и друго. Извршен е претрес и во домот на Ј.Б.(25) истото село при што пронајдени се тренерки, јакни и мобилен телефон.

Пронајдените предмети и неговото возило „бмв“, за кое постои сомнение дека било користено во повеќе кражби, одземени се и истите ќе се вештачат. По целосно докуемнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.