Украдени регистарски таблички на пет автомобили

Министерството за внатрешни работи инфомрира дека на граничните премини Богородица и Меџитлија во текот на вчерашниот ден биле пријавени пет кражби на регистарски таблици.

На граничниот премин Богородица, лицето К.Е. пријавиле дека во Олимпик Бич украдени ми се двете регистарски таблички од неговото возило од марката „Рено“, а исто му се случило и на К.Т. и неговото возило „Опел“ во Паралија.

На гранчниот премин Меџитлија, пријава за украдени регистарски таблички поднеле Л.Р.А. од Битола на возилото „Пасат“, кој летувал во Паралија, потоа М.Ј. од Ресен кој управувал со моторното патничко возило „Опел Астра“ кој летувал во Олипик Бич, како и В.Д. од Охрид кој управувал со „Опел Астра“, а летувал исто така во Олимпик Бич.

На 27-ми минатиот месец, на граничниот премин Меџитлија, пријавено е оштетување на двете регистарски таблички на патничко моторно возило во сопственост на И.К. од Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.