Украдени скоро 13.000 денари од аптека во Карпош

Вчера во аптека „АЛПИ ФАРМ“ на ул.„Московска“ во Скопје се случила кражба.

Имено, според информациите на Министерството за внатрешни работи, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената при што одзел околу 12.900 денари и два мобилни телефони.

МВР презема мерки за откривање на сторителот.