Украдено огнено оружје реквизити од Битолскиот театар

Изминатата ноќ засега непознат сторител или сторители од Народниот театар Битола украле неколку парчиња огнено оружје и муниција, меѓу кои отстапени на театарската куќа од страна на СВР Битола, информираше во вторникот министерството за внатрешни работи.

Шеесет и двегодишниот битолчанец Л.А. вчера утрината пријавил дека во периодот од 21,45 часот на 25-ти до 09,45 часот следниот ден извршена била тешка кражба во просторија, ткн „Реквизита“, сопственост на Национална установа Народен театар Битола, лоцирана во Спомен домот на културата Битола на улицата „Широк сокак“.

Сторителот без оштетување ја отклучил вратата од просторијата, влегол во просторијата лево од влезната врата и со употреба на физичка сила го скршил цилиндерот од вратата, влегол и од рафтовите одзел една ловна пушка од постар тип, отстапена од СВР-Битола за потребите на театарот, шест сигнални-плашливци пиштоли, едно пакување со 50 маневарски куршуми и шет до седум куршуми кои не биле во пакувањето, информираат од полицијата.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.