Украдено злато и пари од куќа во Гостивар

Непознат сторител вчера во Гостивар од куќа сопственост на А.З. (32) извршил кражба при што од метален сеф одзел 13.500 евра во разни апоени и златен накит во вредност од 15.400 евра.

МВР соопшти дека сторителот искористил прилика низ незаклучената врата влегол во куќата извршил пребарување ги пронашол наведените работи и ги одзел по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 29.000 евра.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.