Украдено злато и пиштол од стан во Велес

Насилно отворајќи балконска врата, засега непознат провалник од стан во Велес завчера или вчера украл златен накит, пиштол и муниција за него.

Како што соопшти СВР Велес, провалната кражба се случила во станот на А.В. (57) на улицата Димитар Влахов. Сторителот украл накит, пиштол марка „Застава М 88“ и куршуми за истиот.

СВР-Велес презема мерки за расчистување на случајот.