Украина бара оштета од милијарда долари од Русија за Крим

Киев од Русија ќе бара да плати оштета од милијарда долари за анексијата врз Крим и наводната акција во Донбас, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

Украина исто така, ќе и понуди на Русија до 29-ти октомври да и понуди украински предлог за реструктурирање на долгот од 3 милијарди долари или тој случај ќе заврши на суд.

Подготвени сме за судска процедура, изјави Јацењук.

Од Кремљ соопштуваат дека се изненадени од намерата на Украина да бара милијарда долари од Русија.

Крим е територија на Руската Федерација. Донбас е украинска територија. Како дојдоа до таа сума од милијарда долари? Не ни е јасно, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков за агенцијата Тасс.

За Украина во декември истекува рокот за враќање на долгот од три милијарди долари за Русија, па земјата се надева дека Русија до 29-ти октомври ќе прифати да отпише дел од долгот, нешто што другите земји веќе го направија.

Министерството за финансии на Украина во август соопшти дека е постигнат договор за реструктуирање на надворешниот комерцијален долг на вкупна сума од 18 милијарди долари. Се претпоставува дека на Украина веднаш ќе и бидат отпишани околу 20 отсто од основниот долг, а враќањето на преостанатиот износ ќе биде преместено од 2015-2023 година на 2019 – 2027 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.