Украина доби 17,5 милијарди долари кредит од ММФ

Советот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри четиригодишна програма за помош на Украина во вредност од 17,5 милијарди долари.

За помалку од една година тоа е втор обид украинската економија да се спаси од банкрот.

Во изјавата на шефот на ММФ Кристин Лагард не се наведува висината на првата транша од кредитот за Киев, ниту кога ќе биде исплатен истиот.

Се очекува кредитот на ММФ да биде проследен со заеми од други донатори. Вкупниот износ на финансиска помош за земјата треба да достигне до 40 милијарди долари