Украина: Договорот со ЕУ може да биде потпишан следната недела

Новиот премиер на Украина, Арсениј Јаценјук рече дека потпишувањето на долгоочекуваниот политички договор со ЕУ може да се случи следната недела, пренесува „АФП“. Изјавата на преодниот премиер дојде за време на неговата посета на Белата куќа.

„Уверен сум дека следната недела Украина ќе го потпише политичкиот дел од Спогодбата за асоцијација кон ЕУ“, изјавил Јаценјук по средбата со американскиот претседател Барак Обама.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.