Украина дозволи распоредување на мировни мисии на нејзина територија

Врховната рада на Украина денеска го одобри предлог законот за измени на законот „За процедурите на дозволување и условите за престој на единици на вооружени сили на други држави на територијата на Украина“, информира ТАСС, пренесува МИА.

За поддршка на измените во законот гласаа 240 пратеници од неопходните 226 гласа.

„Реализацијата на предлог законот ќе ги создаде неопходните услови за меѓународни операции за поддршка на мирот и безбедноста на територијата на Украина“, се наведува во образложението на законот.

Предлог законот предвидува можности за спроведување мировни операции врз основа на одлука на ОН и/или ЕУ.

Во законот, исто така, се предвидува забрана за престојот на територијата на земјата на воени единици од држави кои преземаат
вооружена агресија против Украина.