Украина е незадоволна од планот на ЕУ за гасот

Украинските власти, денеска соопштија дека не се задоволни од планот на Европската Унија (ЕУ) за решавање на спорот меѓу Украина и Русија околу гасот и побараа гараниции за намалување на цената пред исплата на долговите.

„Она што ние го разбравме е дека прво треба да го платиме долгот кој го имаме, а потоа да разговараме. Тоа нас не ни одговара“, изјави Олександар Члапак, министер за финансии.

Европскиот комесар за енергетика, Гинтер Итингер, рече дека е постигнато решение за спорот околу украинскиот долг за рускиот гас, според кој украинската гасна компанија до четврток треба да му плати две милијарди долари на руски Гаспром.

Итингер оцени дека постои добра шанса конечниот договор да се постигне до први јуни.

Руски Гаспром го предупреди Киев дека до 3 јуни треба да го исплати долгот од 1,66 милијарди долари. Во спротивно ќе престанат да испорачуваат гас кон оваа држава.

Украинскиот долг за рускиот гас изнесува 3,51 милијарда долари. Украина одбива да го регулира тој долг.

Цената на рускиот гас за Украина е скоро дуплирана и сега изнесува скоро 500 долари за кубен метар.