Свет

Украина е подготвена да земе од Русија кредит од две милијарди долари

Украина е подготвена да земе од Русија кредит од две милијарди долари

Украина е подготвена да земе од Русија кредит во износ од две милијарди долари, за кој беше постигнат договор во почетокот на 2014 година и да ја искористи целата сума за отплата на долгот за рускиот гас, истакнал министерот за енергија и рударство Јуриј Продан на прес-конференција во Киев, јави „Интерфакс – Украина“.

„Ако руската страна ни го обезбеди овој кредит, за кој претходно имало договор, ние сме подготвени целиот да го користиме за исплаќање на гасот и се разбира во целост ќе ги исполнуваме обврските по кредитот“, истакнал министерот.