Балкан

Украина формира бригада за заштита од претензии од Романија

Украина формира бригада за заштита од претензии од Романија
Украина формира бригада за заштита можни претензии од Романија

Нова бригада се фомира во Буковина за заштита од можни претензии на Романија врз овој регион, јави ТАСС, повикувајќи се на изјава на началникот на оперативната команда „Запад“ полковник Виктор Кевлок и идниот командир на бригадата подполковник Василиј Зубанич, објави МИА.

Изјавата е дадена пред новинари во Ивано-Франковск, град во југозападниот дел на Украина.

Министерот за одбрана на Украина донел одлука за формирање на нова планинска оперативна бригада под број 10. Зоната на нејзино распоредување е Коломија. Главна цел на создавањето на бригадата е заштита од хипотетички територијални претензии врз Буковина од страна на Романија.

Спроед планот формирањето на единициата треба да заврши до 30 октомври.

Регионот Буковина моментално е поделен на два дела. Јужниот потпаѓа под управа на Романија, а северниот на Украина.