Украина ги обвини руските сепаратисти за уништување докази

Откриено кој го собори малезискиот авион над Украина

Владата на Украина денеска ги обвини про-руските бунтовници дека се обидуваат да ги уништат доказите на местото на падот Малезискиот авион. Владата на оваа земја наведува дека про-руските бунтовници со помош на Русија се обидуваат да ги уништат доказите на местото на несреќата.

Тимот на меѓународни набљудувачи потврди дека про руските сепаратисти им го ограничуваат пристапот до урнатиот авион. Портпаролот на Организацијата за европска безбедност и соработка рече дека местото на падот го контролираат вооружени мажи кои дури и пукаат во воздух.