Украина ги прекина воените операции на истокот од земјата

Владините сили ги прекинаа воените операции во Источна Украина поради „Денот на тишината“, во согласност со најавениот прекин на огнот, соопшти Генералштабот на украинската армија, пишува МИА.

– Украинската армија ги прекина сите воени активности и се подготвува за Денот на тишината, но ако сепаратистите продолжат со борбите, ќе возвратиме, изјави воен портпарол на украинската армија.

Претставници на проруските сили соопштија дека ги прифаќаат условите за денот на примирјето.

Денешниот прекин на огнот претставува нов обид да се спроведе договорот за прекин на борбите постигнат на 5 септември во Минск

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.