Украина го одобри одредувањето на границата со Русија

Владата на Украина одобри план за инженерско-техничко одредување на границата со Русија, за териториите кои припаѓаат кон зоната на воени операции во Донабас и кон Крим, објави МИА.

Планот треба да биде исполнет во период од 2015 до 2018 година.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук минатата година изјави дека Киев почна да градии реална граница со Русија долга 2.295 километри. Границата ќе претставува ров, штирок минимум четирии длабок два метри, доплнет со ситеми за оптичко и електронско набљудување, кули и друга опрема. На морската граница ќе има оптичко-електронско набљудување. Проектот наречен Ѕид ќе чини најмалку 66 милиони евра.