Свет

Украина „голем залак“ за Меркел

Украина „голем залак“ за Меркел

Дали Германија ќе може да посредува во решавање на украинската криза, а Ангела Меркел да го смири Владимир Путин, е едно од прашањата на голем број медиуми и аналитичари.

„Сите погледи се насочени кон Меркел“, пишува моќниот политички магазин „Шпигел“ кој што најдобро ја илустрирал ситуацијата, не само онаа во која сега се наоѓа владата во Берлин за која Украина ќе биде „крупен залак“.

Меркел, според германските аналитичари, прави „шпага“ меѓу Путин и американскиот претседател Барак Обама, а медиумите имаат една едноставна и точна констатација дека Америка е „половина свет“ оддалечена од Украина, а Фракфурт од Севастопол само неколку часа лет, укажува на потребата во овој драматичен судир да се реши со помош на дипломатијата.