Свет

Украина и ЕУ денеска потпишуваат договор за асоцијација

Украина и ЕУ денеска потпишуваат договор за асоцијација

Европската Унија и Украина денеска ќе го потпишат договор за асоцијација, пренесе „Униан“. Од европската страна својот потпис ќе го стави претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, а од украинска, премиерот Арсениј Јаценјук.

Страните ќе потпишат и дополнителен документ, според кој политичкиот дел од договорот веднаш влегува во сила. Во исто време, економскиот дел од договорот ќе биде валиден по завршувањето на изборниот процес во Украина.