Украина и Русија ќе обележуваат тампон зона

Украински и руски воени претставници денеска се состанаа да ја означат предложената тампон-зона на истокот на Украина од која украинските сили и проруските сепаратисти треба да го повлечат артилериското и друго тешко оружје, соопштија украински воени претставници, пишува МИА.

Украинските претставници наведуваат дека трилатералната група, во која се наоѓаат и 76 претставници на руската војска и на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), се состанале северно од градот Доњецк, на истокот на Украина.

На 5 септември во Минск беше потпишан Протокол, со кој стапи во сила прекин на огнот, а на 19 септември претставниците на Украина и Русија се усогласија за неговото спроведување, општиот прекин на огнот и формирање тона 30-километарска тампон-зона под надзор на ОБСЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.