Украина, Ирак и Сирија предмет на разговор меѓу Путин и Обама

Претседателот на САД Барак Обама се сретна денеска во Пекинг со рускиот колега Владимир Путин, со кого разговараа за Украина, Иран и Сирија, соопшти Белата куќа.

– Три пати во денешниот ден, вкупно 15-20 минути, претседателот Обама имаше можност да разговара со претседателот Путин, изјави портпаролката на американскиот Совет за национална безбедност Бернадет Михан.

– Разговорите се одржаа во рамки на средбата на врвот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Пекинг и на нив беа разгледани Украина, Иран и Сирија, додаде таа.