Свет

Украина: Извршена најголемата размена на воени затвореници

Украина: Извршена најголемата размена на воени затвореници

Северно од Доњецк денеска беше извршена најголема размена на воени заробеници меѓу украинските сили и проруските сепаратисти од почетокот на конфликтот во источна Украина.

Дарја Морозова, висок претставник од Доњецката народна република изјави дека Киев и ДНР размениле заробеници по шемата 222 за 150 (222 бунтовника за 150 украински војници).

Размената помина без инциденти. Размената на воени заробеници меѓу Киев и Лугањската народна република е одложена за утре, без да се дадат повеќе детали за причината.

Размената на воени заробеници беше договорена на средба на Контакт групата за Украина на 24 декември во Минск.