Украина ја мобилизира својата резерва

Тензично во Украина.

Украинските власти  ќе ги мобилизира своите резервисти за да ја гарантира безбедноста и својата територијална целост, соопшти денеска украинскиот Совет за национална безбедност.

„Министерството за одбрана треба во цела Украина да ги мобилизира сите оние од кои вооружените сили во овој момнент имаат потреба“, рече секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андриј Парубиј додавајќи  дека мерката е за да се „обезбеди безбедноста и територијалниот интегритет на Украина“.

Вооружените сили на Украина се ставени во полна борбена готовност согласно указот на вршителот на должноста претседател на земјата и претседател на Парламентот, Олександар Турчинов, изјави на брифинг во Врховната рада Парубиј.

Горниот дом на рускиот парламент вчера му одобри на претседателот Владимир Путин користење на војската за да се заштитат етничките Руси во Украина. Америкаскиот претседател Барак Обама го повика Путин да ја повлече војската.

 

Украинскиот министер за одбрана, Ихор Тенјук, претходно ја обвини Русија дека од петокот испратила 6.000 војници и 30 оклопни возила во кримскиот регион во Украина „без предупредување или украинска дозвола“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.