Свет

Украина ќе добие три милијарди долари од Москва

Украина ќе добие три милијарди долари од Москва

Украина до утре ќе треба да добие три милијарди долари кои што претставуваат прв дел од рускиот план за финансиско спасување на оваа земја.

Кога украинскиот претседател Виктор Јанукович ја посети официјална Москва, Русија одлучи финансиски да и’ помогне на Украина која што се соочува со длабока рецесија. Таа ќе и’ исплати 15 милијарди долари на име на украинскиот јавен долг, од кои што три милијарди пред истекот на годината и дополнително ќе ја намали цената на гасот за 30 отсто.

Украинската опозиција, која во центарот на Киев е мобилизирана од почетокот на месецот против запирање на власта од економското приближување до Европската унија за да се приклучи кон Москва, ја осуди земјата бидејќи станува заложник на Русија.