Украина ќе го зголеми бројот на вооружените сили

Украинскиот Парламент денеска усвои закон за зголемување на бројот на припадниците на украинската армија за една третина, пишува МИА.

Со законот е предвидено бројот на украинските војници да се зголеми на 250.000 лица.

Законот беше поддржан од 270 пратеници, а за негово усвојување беа потребни 226 гласови.

Законот треба да биде потпишан од украинскиот претседател Петро Порошенко, пред да стапи во сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.