Украина ќе поднесе барање за членство во ЕУ во 2020 година

Украина во 2020 година ќе поднесе барање за членство во ЕУ, изјави денеска шефот на државата Петро Порошенко.

– Пред цела Украина денеска ќе ја претставам новата програма, визијата за реформи под име „Стратегија-2020“ – истакна Порошенко.

Тој нагласи дека документот вклучува 60 реформи, специјални програми, кои Украина ќе ги исполни со цел по шест години да добие покана за членство во Унијата.