Украина ќе воведе посебен режим за премин на границата со Крим

Украинските власти ќе воведат посебен граничен режим на границата со Крим, покрај визите што одлучи да ги воведе за граѓаните на Русија, пренесе „РБК-Украина“, повикувајќи се на изјава на шефот на „Баткивштина“, Сергеј Соболев.

„Ние нема да го охрабриме во никој случај конечното затворање на границата со Крим. Но ќе биде воведен посебен режим на пропуштање со воени, цариниски и сите потребни погранични служби, што ќе го контролираат влегувањето и излегувањето од окупираните територии“, изјавил Соболев.

Украина покрај тоа одлучи да воведе и визи за Русија и да излезе од заедницата на независни држави ЗНД, која брои 11 поранешни советски републики, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Парубиј