Свет

Украина: Кличко повикува на генерален штрајк

Украина: Кличко повикува на генерален штрајк

Лидерот на укаинската опозиција, Виталиј Кличко, утрово ги повикал своите приврзаници на генерален штрајк, додека демонстрантите, кои вчера ја зазеле зградата на државната администрација, подигнале барикади околу овие објекти, јавуваат тамошните медиуми.

Обраќајќи се до приврзаниците на опозицијата, собрани на Плоштадот на независноста во Киев, лидерот на партијата УДАР (Украинска демократска партија за реформи), Кличко утрово ги повикал луѓето на генерален штрајк.

„Властите мора да се соочат со генерален штрајк. Доколку бидеме обединети нема да може да не поразат. Ќе живееме во нова Украина уште оваа година“, порачал Кличко, а неговиот говор бил проследен со повици „во напад“ и „само напред“.