Украина меѓу Москва и Брисел, ќе се дели ли земјата?

Сведоците на настаните во Украина во овој момент може да заклучат една работа, а тоа е дека режимот на претседателот Виктор Јанукович се распаѓа, а во судирите меѓу демонстрантите и приврзаниците на режимот загинаа околу 80 лица.

Аналитичарите сметаат дека повеќемесечните протести во Украина би можеле да резултираат со поделба на земјата, а наведуваат дека во Киев токму сега започнува битката околу плодовите на победата со прилично неизвесен исход.

Сите се сложуваат дека кризата во Украина е длабока и дека е предизвикана од отпорот кон власта, односно системот кој што бил парализиран од корупција и различни девијации, а како мошне важен момент се споменува јасниот притисок на Кремљ врз Украина кој што „брутално ја принудува да го напушти својот пат кон Европската унија“.

Според други аналитичари, кризата во Украина е „некој вид на терор на добро организирани малцинства поддржани од некои фактори до Западот над поголем дел од населението“.