Украина може да добие можност за пристапување кон ЕУ

Украина може да добие можност за присоединување кон Европската унија, изјавил Оли Рен, кој е член на европската комисија за економски прашања , пренесе „Интерфакс“.

„Се наоѓаме на историски крстопат и Европа е должна да и даде на Украина шанса за пристапување на среден или долг рок, ако Киев одговори на сите барања. Подготвени сме да и дадеме значителна финансиска помош на земјата, откако ќе биде формирана Влада која ќе биде сериозно насочена кон спроведување на институционални и економски реформи“, рекол уште Рен на средбата на министрите за финансии на Г-20 во Сиднеј.