Украина може да воведе визи за Русите

Киевските власти можат „во еден момент да одлучат да ги сведат на минимум врските “ со Русија, изјави денеска Сергеј Пашински, шеф на администрацијата на украинскиот претседател, пренесува БТА.

Според него, ситуацијата е многу тензична. На прашањето дали е можно Украина да воведе визи за Русите тој рече дека ништо не е исклучено.

Извор: МИА