Украина му платила на адвокатот на Трамп да организира разговори со Порошенко

Украина му платила на личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, најмалку 400.000 долари да го организира состанокот со украинскиот претседател Петро Порошенко минатата година.

Исплатата се случила бидејќи Порошенко сакал да отвори неофицијален канал со американскиот претседател, пренесе BBC цитирајќи два неименувани извори во Киев.

Адвокатот Мајкл Коен е инволвиран во предметот дека украински лобисти и амбасадата во Вашингтон сакале на Порошенко да му овозможат повеќе фотографирање со Трамп, имајќи предвид дека „украинскиот лидер сакал нешто би можело да се нарече ‘разговори’“.

„Оваа приказна е потполно лажна“, навел Коен во пишаниот разговор за агенцијата Reuters. Белата куќа сѐ уште не ја коментираше информацијата. Кабинетот на украинскиот претседател, исто така, ја оцени сторијата како лажна.

Трамп се сретна со Порошенко во Белата куќа на 20-ти јуни 2017 година во кус протоколарен состанок, откако украинскиот челник разговараше со потпретседателот Мајк Пенс. Порошенко подоцна во изјавите за новинарите рече дека е многу задоволен „по сеопфатните и детални разговори со Трамп“.

Во прилогот на BBC се наведува дека нема сигнали дека Трамп знаел за исплатата на Коен. Вториот извор од Киев ја потврдил сторијата, и додал дека на Коен му биле исплатени 600.000 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.