Украина: Најмалку 10.000 раселени лица од почетокот на кризата

Најмалку 10.000 луѓе се оттргнати до своите постојани живеалишта и се раселени од почетокот на украинската криза, а најпогодена е заедницата на кримските Татари, објави денеска егенцијата на Обединетите нации за беглаци (UNHCR).

Раселувањето во Украина почна пред мартовскиот референдум на Крим и од тогаш постепено се зголемуваше“, рече Адријан Едвардс од UNHCR, пренесуваат медиумите.

Едвардс на новинарите им изјавил дека поголемиот дел од раселените лица се по потекло Татари, иако локалните власти објавиле и неодамнешно зголемување на регистрираните Украинци, Руси и лица од мешани семејста кои се раселени во текот на кризата.

Поголемиот дел од овие 10.000 луѓе е интерно раселена. Бројот на Украинци кои бараат азил во други земји и понатаму е мал“ рекол Едвардс.