Украина: Најмалку 13 жртви од судир на воз и автобус

Најмалку 13 лица загинаа откако воз удрил во автобус во украинската провинција Сума, соопштиле тамошни претставници.

Истите извори тврдат дека се повредени најмалку шест лица во несреќата која што се случила во североисточниот дел на Украина.

„Возачот на автобусот ја игнорирал сообраќајната сигнализација и звукот, па се упатил кон преминот. Возоот практично го пресече автобусот на половина и го влечеше некое време“, соопштуваат тамошните медиуми.

Локалната служба за вонредни ситуации потврдила дека несреќата се случила откако воз удрил во автобус на железнички премин.