„Украина не се продава“

Отстапките на кои се согласи претседателот на Украина, Виктор Јанукович, не ја задоволија ниту опозицијата, ниту западот. Европската унија вчера ги прекина разговорите со Киев за договорот за асоцијација, обвинувајќи ги властите на земјата за неподготвеност да се договорат, а САД му се заканија на украинското раководство со санкции.

Барањата на опозицијата принципиелно се изменија, како главна задача тие повеќе не бараат казнување на виновниците што ги спречуваа протестите, туку спречување на „продажба на Украина“ во текот на планираната утрешна посета на претседателот Јанукович во Русија.

Новонастанатата ситуација се претвора во безизлезна за претседателот на Украина. Во исто време експерти предупредуваат дека да се инвестира во политика, што не може да ја задржи власта, би било неразумно, пишува „Коммерсант“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.