Украина од денес ќе почне да добива руски гас

Украина од денеска ќе почне да добива руски гас, изјави украинскиот министер за енергетика и рударство Володимир Демчишин.

– Во петокот беа платени една милијарда метри кубни гас од „Газпром“ и денеска почнуваме со користење на „синото гориво“, истакна Демчишин.

Доцна вечерта во петокот „Нафтогаз Украина“ соопшти дека му префрлила 378 милиони долари на руски „Газпром“, плаќајќи му однапред за декемвриските испораки.

Веднаш потоа и руската компанија ја потврди финансиската трансакција.